Нови мајки во период на карантин: сѐ што треба да знаете за нега на бебешката кожа

Знаеме дека за време на алрмантната здравствена состојба која ја искусуваме, пристапот до мислењата на експертите не едноставен. Бројни идни мајки, особено оние кои се соочуваат со мајчинството за прв пат, сесиите и едукативните програми за подготовка за самиот чин на раѓање, доење и нега на бебињата меѓудругото се во најмала рака лимитирани или пак се откажани. Свесни сме дека кај идните мајки се јавува изобилство на двоумење, не само пред раѓањето на малото, туку и во периодот кога бебето ќе биде во својот дом. Од Laboratorios BABÉ ви подготвивме неколку совети.кои може да им помогнат на идните мајки да ги разрешат дилемите во однос на грижата за бебешката кожа. Во случаеви кога се јавуваат мали состојби на кожата, дури и доколку не се загрижувачки, потребно е да се негува со соодветни производи кои веднаш го решаваат проблемот со кожата. Се надеваме ќе ви бидат корисни!

  1. Дали е неопходно да го бањам моето бебе секој ден?

Задолжително е да знаете дека дневната хигиена на вашето бебе е фундаментална. Не е неопходно да го бањате вашето бебе секој ден, меѓутоа доколку сакате, тоа не треба да претставува проблем. Уште поважно од честотата на бањање е квалитетот на бањањето на бебињата. Ние може да го бањаме бебето и секој ден доколку користиме специфични производи за хигиена кај бебиња кои ја почитуваат pH на кожата и ја зајакнуваат природната заштита. Затоа ние ја препорачуваме BABÉ педијатриската линија за хигиена, создадена со Baby-Care BABÉ комплекс со природни екстракти од невен, мимоза и алое вера, кои ја смируваат и омекуваат кожата.

Исто така би сакале да потенцираме дека времето за бањање е совршено време за зближување со вашето бебе. Тоа се посебни моменти кои сигурно ќе сакате да ги повторувате постојано!

2. Како и кај возрасните, хидратацијата е есенцијална

Детската кожа е понежна, помека и поосетлива во споредба со кожата на возрасните. Од таа причина неопходно е да се грижите за неа и да ја хидрирате. Новороденчињата немаат фунционално развиена активност на потење, ниту пак целосно развиен имун систем. Овие фактори оневозможуваат бебешката кожа да обезбеди соодветна заштитна функција, правејќи ја осетлива на соларна радијација и надвореша агресија. Бебешката кожа исто така многу полесно може да дехидрира.

За нејзина хидратација, есенцијално е да се употребуваат специфични производи како за лицето, така и за телото. Секако, пред се не смееме да заборавиме дека пред прошетка потребно е да се аплицира хидратанс кој нуди заштита од сонце.

3. Имајте предвид: чести состојби на кожата кај новороденчиња

Постојат одредени дермопатологии асоцирани со оваа фаза од животот кои се многу чести, од типот на појава на т.н. теменици на скалпот, како и дерматит во пеленската регија.

Теменците претставуваат лушпест осип кој се јавува на скалпот на бебињата. Третманот е многу едноставен, само употребете го BABÉ Cradle Cap шампонот, кој претставува нежен шампон кој помага во регулирање на создавање на себум во скалпот и елиминира перутање.

Осипот во пеленската регија е честа состојба која може да биде воспалено, црвено и болно место специфично во пределот каде кожата е покриена со бебешката пелена. Laboratorios BABÉ го препорачува кремот за пеленска регија Nappy Rash Cream, производ со 7 дејства кои помагаат во борбата против осипот. За чистење на пеленскиот предел кај бебињата препорачуваме Dermo Cleansing мицеларна вода која овозможува меко чистење на кожата со само еден потег, без да има потреба од плакнење. Овој производ е совршен за најсензитивната и иритирана кожа.

Се надеваме дека овие совети за бебешката кожа се корисни, особено сега кога е покомплицирано во однос на пристапот кон експертските мислења. Доколку сакате подетални информации, ве охрабруваме да ја погледнете нашата педијатриска линија тука.

Сѐ за масажата на бебиња

Масажите на бебињата се често препорачана пракса за поврзување со нашето малечко. Со овој начин ќе им помогнеме на нашите најмили во подобрување на секојдневната благосостојба. Овие масажи се изведуваат со илјадници години во кинеската и хиндуистичката култура и доколку се практикуваат правилно тие може да овозможат повеќекратни придобивки за вашето бебе.

Дали сакате да знаете како да започнете? Тоа го објаснува нашиот експерт во оваа област Ноелија Планелс, акушерка во болницата La Fe, Валенсија.

Што е потребно да знаете пред да ја направите масажата?

„Првата работа е да се чувствувате удобно вие, вашето бебе и/или лицето кое ќе ја изврши масажата“, вели акушерката Ноелија Планелс. Од исклучителна важност се амбиенталните фактори како околината и температурата. Со цел бебето да се поврзе со нас ќе се обидеме да ги елиминираме сите аудитивни дразби. „Препорачувам да користите релаксирачка музика во позадина и мек, мирен тон на гласот“, вели Ноелија.

Целта на масажата е да го опушти бебето и да ја зајакне врската мајка-бебе, затоа важно е да го пронајдете вистинскиот момент, бидејќи масажата се прави за вашето бебе да ужива. Најголемиот дел од масажата се прави со бебето поставено на удобна и стабилна површина и поставено да лежи на грб.

Дали треба да користиме специфичен производ?

Пред да започнете со масажата внимавајте да истата ја спроведете со многу нежни, благи и внимателни движења. Ние од Laboratorios BABÉ препорачуваме да го пробате нашиот Emollient cream од педијатриската линија.

Чекори за масажа на вашето бебе:

  • За почеток, погодно е да го ставиме бебето да лежи на грб со нашите раце внимателно поставени на трупот.
  • Ако бебето е подготвено да ја започне масажата, се започнува со нозете, со движење од едниот кон другиот крај од ногата на бебето.
  • Ногата треба да се држи за горниот дел од бутот, а со другата рака ќе го нежно се масира бутот со раката поставена во форма на буквата С. Движењето треба да го повторите неколку пати наизменично со двете раце кон долниот дел од ногата.
  • Следниот чекор е масажа на стапалата. Стапалата се предел со голема чувствителност и потребно е да се следи како бебето ќе реагира на масажата на овој дел од телото.
  • Откако ќе падне папочната врвца, може да се спроведе и техниката за масажа со кружни движења на абдоменот, движења во форма на буквата П околу абдоменот, како и движења на палците почнувајќи од папокот кон страничниот дел од трупот.
  • Оваа масажа има многу придобивки во однос на варење на млекото, помага при констипација и помага во состојба на појава на грчеви кај доенчето.
  • На истиот начин како што се масира абдоменот, истата техника се употребува за масажа на градниот кош, каде е потребно рацете да се поставени во вертикална положба во центарот на градниот кош со внимателни латерални движења (движења од центарот кон страничниот дел на градниот кош).
  • Понатаму следи делот на лицето. Бидејќи бебињата се одлични цицачи и имаат постојана активност на периоралните мускули, внимателно масирајте ги образите со кружни движења.
  • Масажата може да ја завршите со пределот на грбот со тоа што бебето ќе биде поставено на стомак со цел да му помогнеме во зајакнување на мускулите.

Не заборавајте дека масажата не е само рутина која ние ја правиме за бебето, туку дека истата ја правиме заедно со бебето, на тој начин се зајакнува емотивната поврзаност помеѓу мајката и бебето.