HEALTHYAGING+ Козметичка линија, за борба против ЕКСПОЗОМОТ и постигнување витална и здрава кожа

Не грешиме кога велиме дека „лицето е одраз на душата“ бидејќи нашата состојба на умот се рефлектира како огледало на нашето лице и нашата кожа. Исто така, не грешиме кога велиме дека „кожата е верен одраз на нашиот живот“, бидејќи одржувањето на здрави животни навики се клучни за одржување на здрава кожа. Всушност, знаеме дека гените контролираат 25% од процесот на стареење, оставајќи ги преостанатите 75% во наши раце. Тие 75% одговараат на надворешни фактори кои можеме да ги контролираме во наша корист и кои се дел од нашиот начин на живот, кој го нарекуваме ЕКСПОЗОМ.

Krutmann J. et al. 2017. The skin aging exposome.
J Dematol Sci 85: 152-161

Идентификувани се 7 надворешни фактори на експозомот кои влијаат на стареењето на кожата (Krutmann et al., 2017). Овие фактори се сончевото зрачење, загадувањето, пушењето, температурата, исхраната, стресот и недостатокот на сон.

До неодамна, на сончевото зрачење му се даваше многу поголемо значење од другите фактори, при што оштетувањето предизвикано од УВ зраците беше главната причина за предвремено стареење на кожата (фото-стареење). Сепак, како резултат на овие нови студии панорамата почнува да се менува, а загадувањето исто така се смета за клучен фактор. Загадувањето може да дојде од многу извори, почнувајќи од емисиите на гасови, сообраќајот, нивоата на озон до повеќе технолошки агресори како сината светлина (HEV) емитувана од електронските уреди како што се екраните на мобилните телефони, таблетите, компјутерите, ТВ, …

Исто како што долгорочните ефекти на сончевото зрачење се поврзани со зголемен ризик од рак на кожата, научните докази покажаа дека загадувањето може да ја оштети и наруши одбраната на кожата, функцијата на кожната бариерата и микробиомот, што резултира со зголемена чувствителност на кожата и влошување на многу поврзани воспалителни состојби.

Затоа, контролата на експозомот е совршена превентивна стратегија за подобрување на здравјето на кожата. Така, покрај водење здрав начин на живот, јадење овошје и зеленчук (богати со антиоксиданси), вежбање, избегнување на сонце, пушење, добивање на потребниот сон и употребата на специфични козметички препарати кои делуваат како заштитен штит од надворешни влијанија. На тој начин дејствувате против агресии, кои би можеле да бидат дел од многу едноставна стратегија за одржување на млад и здрав изглед на кожата, без оглед на хронолошката возраст.

Новата генерација на мултифункционална козметика има неколку цели за да постигне здрава и подмладена кожа на која било возраст.

  1. Да биде ефикасна одбрана против експозомот, така што ќе ги зајакнува бариерната функција и микробиомот на кожата.
  2. Делува на најемотивниот дел со тоа што ќе ве натера да „се чувствувате добро“ и со нетрпение да ги очекувате резултатите.
  3. Дејствува на молекуларните показатели на стареење, да се забави и да се обиде да избрише некои од видливите знаци на стареење.

Сето ова е важно за нашата општа благосостојба и за нашата кожа, што се преведува во подобар изглед (здравје) и подмладен изглед.

Верен одраз на оваа нова визија е ревитализирачкиот BOOSTER+ на линијата Healthyaging+ на Laboratorios BABÉ.

 За повеќе информации околу овој производ може да посетите оваа страна.

Multirejuvenating Revitalizing Booster

Со многу лесна текстура, тој е создаден да го заштити, трансформира и оптимизира изгледот на нашата кожа, обезбедувајќи целосен мулти-подмладувачки ефект. Од една страна, тој е ефикасен штит против главните фактори на изложеност (УВ, сина светлина, IR зраци, загадување), благодарение на карнозинот и моќните антиоксиданси како што се глутатион, витамин C и EpiGalloCatequinGalate. Дејствува и на молекуларните показатели на стареење со инкорпорирање на колаген-стимулирачки пептиди, растителни матични клетки, стабилизатор на теломери (тепренон), бакучиол (аналог на ретинолот, од растително потекло) и обезбедување енергија потребна за оваа трансформација. И конечно може да обезбеди брзо дејство на кожата правејќи ја попријатна, хидрирана, еластична и светла.

КОЖА • НЕГА • ЕКСПОЗОМ • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ • ЗАГАДУВАЊЕ • СЕРУМ • ЛИЦЕ

Зошто постојано ми излегуваат се повеќе акни? Ние го имаме одговорот на прашањето и начинот на кој да го решите

Меѓу едно од најчестите прашања и потрагата по одговори се на темата акни. Се чини дека е невистина тоа што голем број од нас сметаат дека сега кога едвај користиме шминка и се помалку сме изложени на надворешни агресии, страдаме од појава на акни, сува кожа и други кожни состојби. Вистина е дека се обидуваме најдобро што можеме да ги одбегнеме некои фактори кои имаат негативно дејство врз нашата кожа, меѓутоа и глобалната состојба, односно пандемијата Covid-19 придонесе да одредени фактори предизвикаат лезии на нашата кожа, особено истакнат фактор кој влијае на кожна иритација е континуираното носење на заштитни маски.

Може да се каже дека во одредена мера за некои работи во пандемијата се члуствувавме порелаксирани и помалку оптеретени, имаме повеќе време за себе и нашите семејства, меѓутоа вистината е дека оваа ситуација на неизвесност и изолација предизвикува стрес кој меѓудругото се манифестира и преку кожата, односно со иритација и појава на акни.

Кај нас во Laboratorios BABÉ ние предлагаме неколку едноставни и брзи чекори за практикување така што да не дозволиме надворешните влијанија и фактори негативно ја афектираат вашата кожа.

  1. Чистете го темелно вашето лице науро и навечер

Исклучително важна е негата за нашата кожа во секое време од денот. Чистењето на лицето веднаш штом се разбудиме и пред да спиење е витално и овозможува да ја одржиме кожата чиста и здрава. За масна и/или кожа склона кон акни, препорачуваме чистење на лицето со Purifying Cleansing Gel – Гел за Чистење на Лицето кој ги отстранува нечистотиите и вишокот масти. Доколку вашата кожа е сува, препорачуваме да го пробате Micellar Gel со активни компоненти кои ја смируваат и хидрираат кожата.

2. По чистење, следи хидратација

На кожата и е потребна хидратација и важно е овој чекор да не се прескокнува во дневната рутина. Доколку страдате од акни или пак имате масна кожа, пробајте ја Mattifying Moisturizer кремата која има себум-регулирачко дејство. За сува кожа, го препорачуваме Protective Hydro-nutritive SPF 20 кој овозможува соодветна хидратација на кожата со пријатно чувство и свежина.

3. Третирајте ги акните со специфични продукти

Се препорачува да се избегнува допирање на лицето; несвесно во текот на работниот ден , но и во периодот кога сме во домашни услови ја допираме кожата на лицето што може да предизвика инфламација и лезии кои тешко се третираат. Доколку на вашата кожа се јавува прекумерно избувнување на акни и неконтролирана продукција на себум, го препорачуваме Keratolytic Fluid.

Се надеваме дека оваа брза и лесна рутина која се состои од 3 чекори ќе ви помогне со состојбата на вашата кожа. Не заборавајте дека практикувањето на секојдневната нега на лицето е најдобрата опција и шанса за вашата кожа да биде здрава.

Активни состојки со заштитно дејство: Се што и е потребно на вашата кожа во борбата против експозомот.

Активни состојки со заштитно дејство: 

Се што и е потребно на вашата кожа во борбата против експозомот.

 

 

Доколку сте загрижени за вашата кожа, важно е да се запознаете со терминот „Експозом“ бидејќи тој е одговорен за 75% од стареењето на вашата кожа. Сигурно се прашувате за што станува збор? Многу едноставно, Експозомот е претставен од сите оние надворешни фактори кои на овој или оној начин влијаат на вашата кожа, промовираќи стареење и оставајќи видливи знаци како брчки, свиснување или нееднаков тен на кожата. Меѓу другите фактори кои се дел од екпозомот се: загадувањето, соларната радијација, пушењето, климата, храната, недостаток на сон и стрес.

Неопходно е да сме свесни дека сите овие фактори се одговорни за 75% од стареењето на кожата што значи дека само 25% од стареењето на кожата е како резултат на генетските предиспозиции.

Од таа причина потребно е да го искористиме овој висок процент за да ја негуваме и заштитиме нашата кожа како и колку што е можно да го одложиме нејзиното стареење.

Како да го направиме тоа?

Од една страна, задолжително е да го практикуваме нашето здраво секојдневие кое не помага само за грижа на нашата кожа, туку исто така го подобрува квалитетот на живот. Доволното количество сон и одмор, храна базирана на балансиран внес на разновидни нутриенти, избегнување на стрес и откажување од пушење се фундаментален здрав животен стил. Од друга страна, пак со цел да се намалат ефектите на факторите од типот на загадување, соларна радијација или климатски услови, се препорачува во нашата дневна рутина за грижа на кожата да се вклучат производи со активни компоненти со заштитно дејство.

Погледнете дел од нив и кои призводите може да ги употребувате за да добиете бенефициски ефект:

 

  • Биолин пребиотик

Биолин пребиотик претставува моќен пребиотик кој стимулира обновување и раст на корисните микроорганизми за нашата кожа, намалувајќи ги штетните микроорганизми, што овозможува фаворизирање на балансот на нашата микробиота. Тој исто така има дејство на зацврстување на заштитната бариерна фунција на кожата.

 

  • Филтри со висок спектар

Широк спектар на заштита овозможува протекција на нашата кожа против UVB зраците кои се одговорни за појава на изгореници, UVA зраците кои се одговорни за појавата на дамки, брчки и канцерогени заболувања, HEV зраците, сина светлина која потекнува од електонските уреди, како и IR зраците кои се инфламаторни.

 

  • Карнозин

Канозинот е природен антиоксиданс кој помага во заштита од оштетување од слободни радикали кои потекнуваат од загадувањето. За карнозинот е познато дека ги подмладува клетките на сврзното ткиво, со бенефициски ефект на заздравување на оштетеното место.

Во кои производи може да ги најдам овие активни компоненти со протективно дејство?

Најдобрата опција за позитивен ефект од заштитното дејство наовие активни компоненти е новата BABÉ Laboratory Line, Healthyaging+, која покрај горенаведените активни компоненти, вклучува и многу други кои овозможуваат корективен ефект и придонесуваат кон превентино дејство против клеточно оштетување со брзи ефекти на видливите знаци. Откријте ја целосната лицина и запознајте се со секој од производите кои ги нудиме тука.