Home » Зошто постојано ми излегуваат се повеќе акни? Ние го имаме одговорот на прашањето и начинот на кој да го решите
Home » Зошто постојано ми излегуваат се повеќе акни? Ние го имаме одговорот на прашањето и начинот на кој да го решите

Зошто постојано ми излегуваат се повеќе акни? Ние го имаме одговорот на прашањето и начинот на кој да го решите

Меѓу едно од најчестите прашања и потрагата по одговори се на темата акни. Се чини дека е невистина тоа што голем број од нас сметаат дека сега кога едвај користиме шминка и се помалку сме изложени на надворешни агресии, страдаме од појава на акни, сува кожа и други кожни состојби. Вистина е дека се обидуваме најдобро што можеме да ги одбегнеме некои фактори кои имаат негативно дејство врз нашата кожа, меѓутоа и глобалната состојба, односно пандемијата Covid-19 придонесе да одредени фактори предизвикаат лезии на нашата кожа, особено истакнат фактор кој влијае на кожна иритација е континуираното носење на заштитни маски.

Може да се каже дека во одредена мера за некои работи во пандемијата се члуствувавме порелаксирани и помалку оптеретени, имаме повеќе време за себе и нашите семејства, меѓутоа вистината е дека оваа ситуација на неизвесност и изолација предизвикува стрес кој меѓудругото се манифестира и преку кожата, односно со иритација и појава на акни.

Кај нас во Laboratorios BABÉ ние предлагаме неколку едноставни и брзи чекори за практикување така што да не дозволиме надворешните влијанија и фактори негативно ја афектираат вашата кожа.

  1. Чистете го темелно вашето лице науро и навечер

Исклучително важна е негата за нашата кожа во секое време од денот. Чистењето на лицето веднаш штом се разбудиме и пред да спиење е витално и овозможува да ја одржиме кожата чиста и здрава. За масна и/или кожа склона кон акни, препорачуваме чистење на лицето со Purifying Cleansing Gel – Гел за Чистење на Лицето кој ги отстранува нечистотиите и вишокот масти. Доколку вашата кожа е сува, препорачуваме да го пробате Micellar Gel со активни компоненти кои ја смируваат и хидрираат кожата.

2. По чистење, следи хидратација

На кожата и е потребна хидратација и важно е овој чекор да не се прескокнува во дневната рутина. Доколку страдате од акни или пак имате масна кожа, пробајте ја Mattifying Moisturizer кремата која има себум-регулирачко дејство. За сува кожа, го препорачуваме Protective Hydro-nutritive SPF 20 кој овозможува соодветна хидратација на кожата со пријатно чувство и свежина.

3. Третирајте ги акните со специфични продукти

Се препорачува да се избегнува допирање на лицето; несвесно во текот на работниот ден , но и во периодот кога сме во домашни услови ја допираме кожата на лицето што може да предизвика инфламација и лезии кои тешко се третираат. Доколку на вашата кожа се јавува прекумерно избувнување на акни и неконтролирана продукција на себум, го препорачуваме Keratolytic Fluid.

Се надеваме дека оваа брза и лесна рутина која се состои од 3 чекори ќе ви помогне со состојбата на вашата кожа. Не заборавајте дека практикувањето на секојдневната нега на лицето е најдобрата опција и шанса за вашата кожа да биде здрава.

СПОДЕЛИ:

Препорачано: