Home » Сеуште не знаете што е DMAE?
Home » Сеуште не знаете што е DMAE?

Сеуште не знаете што е DMAE?

Дознајте сѐ за неговото зацврстувачко својство

DMAE (диметиламиноетанол) е моќна активна компонента која е високо ефективна против стареењето на кожата, таа поседува висока антиоксидативна активност, зацврстувачко и затегнувачко дејство, како во кратко- така и во долготраен кумулативен ефект. DMAE природно се среќава кај рибите од типот на сардини, аншоа или лосос, кај луѓето оваа компонента се создава во мозокот.

Доколку зборуваме за дермо-козметички производи за нега на кожата, DMAE е одличен сојузник во борбата против видливите знаци на стареење, благодарение на неговото зацврстувачко и затегнувачко дејство кое овозможува висок степен на хидратација на кожата, ги корегира дамките и го изедначува тенот.

Често се препорачува за оние кои се загрижени за губење на еластичноста на кожата. Оваа соединение е ефективно за постигнување на видливиот ефект, но за да се постигне овој ефект потребен е континуитет во користењето и комбинирање со други активни состојки кои го промовираат неговиот ефект и брзо дејство.

Кој треба да го користи?

DMAE е активна компонента која може да се користи кај сите типови на кожаособено и кај најосетливите. Меѓутоа, пред употреба на која било активна компонента потребно е да сме запознаени со типот на нашата кожа и што навистина и е потребно. Сувата кожа бара производи кои се покремасти на структура, додека масната кожа преферира производи во форма на гел.

Како да ја вметнете оваа компонента во вашата девна рутина?

Денес е многу едноставно и лесно да најдеме производи од козметичката индустрија кои содржат DMAE, меѓутоа треба да имаме предвид за процентуалната застапеност и комбинацијата на DMAE со останатите компоненти од производот.

Ние, од Laboratorios BABÉ препорачуваме да го вметнете DMAE во вашата дневна рутина преку нашата Healthyaging+ линија. Во нашата линија ќе најдете три производи кои содржат DMAE комбиниран со моќни активни состојки кои ќе овозможат брз и долготраен ефект на вашата кожа. Нашата формула е внимателно приспособена во однос на количината на секоја компонента.

  • Multi Protector SPF 30 – дневен крем за зацврстување

Заштитен крем против сончевите зраци и против секојдневното загадување, со тензорен ефект и 24 часовна хидратација.

  • Multi Rejuvenating – Revitalizing Booster

Мултифункционален серум со брзо-апсорбирачка крем-гел текстура.

  • Multi Corrector – Eye and Lip Tensor

Нега на пределот околу очите и усните која овозможува намалување на гестикулациските брчки, овозможувајќи еластичност и цврстина.

Ве охрабруваме да ја откриете целосната линија и подобро да се запознаете со производите.

Возможно е да имате здрава и витална кожа!

СПОДЕЛИ:

Препорачано: